Дома Топ вести Јувентус спремен да понуди пет фудбалери за потписот на Погба

Јувентус спремен да понуди пет фудбалери за потписот на Погба

Италијанскиот гигант Јувентус не се откажува од намерата да го врати Пол Погба во своите редови и спремил одлична понуда за Манчестер Јунајтед.

Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, и медиумите тврдат дека Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Неговиот агент Мино Раиола во неколку наврати потврди дека Французинот сака да го напушти клубот, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Јувентус.

Британските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед ја спуштил цената на Погба на 100 милиони евра и дека Јувентус спремил понуда која вклучува и фудбалери во замена.

Имено, „бјанконерите“ покрај пари спремија листа од пет фудбалери кои би можеле да ги испратат на „Олд Трафорд“ во замена за Пол Погба.

Станува збор за Даглас Коста, Миралем Пјаниќ, Алекс Сандро, Арон Рамзи и Адриен Рабио.

Останува да видиме дали Солскјер ќе сака да доведе некој од овие фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…