Кристиано Роналдо во Јувентус пристигна пред скоро три години и тоа од Реал Мадрид во трансфер вреден 117 милиони евра.
Доаѓањето на Роналдо во Серија А беше најзвучен трансфер кој во последните 20-тина години го реализирал некој италијански клуб. Андреа Ањели овие денови е жестоко критикуван од јавноста поради обидот заедно со Перез да формираат Суперлига која на крајот експресно се распадна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа со доведувањето на Роналдо Ањели обезбедил корист за сите останатите клубови во Серија А.
„Кога го доведов Кристиано во Италија неговото присуство на останатите клубови им гарантираше по четири милиони евра. Дали тоа би го направил повторно? Секако, никогаш не е погрешно да го доведеш Роналдо“, изјави Ањели.
Значи, од старт останатите клубови во Италија профитирале по четири милиони евра поради популарноста на Роналдо, а тој износ во меѓувреме пораснал затоаш то Роналдо наскоро ќе ја заврши третата сезона како играч на Јувентус.