Дома Фудбал Италија Јувентус со доведувањето на Роналдо обезбедил мало богатство за сите клубови во Серија А

Јувентус со доведувањето на Роналдо обезбедил мало богатство за сите клубови во Серија А

Кристиано Роналдо во Јувентус пристигна пред скоро три години и тоа од Реал Мадрид во трансфер вреден 117 милиони евра.

Доаѓањето на Роналдо во Серија А беше најзвучен трансфер кој во последните 20-тина години го реализирал некој италијански клуб. Андреа Ањели овие денови е жестоко критикуван од јавноста поради обидот заедно со Перез да формираат Суперлига која на крајот експресно се распадна.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа со доведувањето на Роналдо Ањели обезбедил корист за сите останатите клубови во Серија А.

„Кога го доведов Кристиано во Италија неговото присуство на останатите клубови им гарантираше по четири милиони евра. Дали тоа би го направил повторно? Секако, никогаш не е погрешно да го доведеш Роналдо“, изјави Ањели.

Значи, од старт останатите клубови во Италија профитирале по четири милиони евра поради популарноста на Роналдо, а тој износ во меѓувреме пораснал затоаш то Роналдо наскоро ќе ја заврши третата сезона како играч на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендата на Реал ги избра најдобрите 11: Ги нема Модриќ, Зидан, Рамос, Касиљас… (Фото)

Поранешниот шпански средишен играч Гути ги одбра најдобрите 11 во историјата на Реал Мадри…