Дома Трансфер зона Јувентус се засили со тинејџер од Манчестер Сити

Јувентус се засили со тинејџер од Манчестер Сити

Младиот напаѓач на Манчестер Сити, Феликс Кореа кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

19-годишниот Португалец денес треба да пристигне во Италија на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на договорот со „старата дама“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Кореа е португалски репрезентативец на селекцијата до 19 години, а минатото лето од Спортинг Лисабон се пресели во Манчестер Сити и веднаш беше испратен на позајмица во АЗ Алкмаар.

Како дел од вториот тим на АЗ тој одигра 23 меча на кои постигна 3 гола и запиша 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…