Дома Трансфер зона Јувентус сака да ја искористи ситуацијата во Челзи

Јувентус сака да ја искористи ситуацијата во Челзи

Aтмосферата во Челзи не е баш најдобра после санкциите кон Роман Абрамович.

Ситуацијата во Лондон ја следат многу европски клубови и ја чекаат својата шанса да дојдат до некој фудбалер, а изгледа дека прв во акција ќе тргне Јувентус. „Старата дама“ од Торино сака во своите редови да ги доведе Кристијан Пулишиќ и Антонио Рудигер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пулишиќ има договор со Челзи до 2024 година и вредност од околу 45 милиони евра, додека договорот на Рудигер истекува на крајот на ова лето кога ќе стане слободен играч. После доведувањето на Влаховиќ Јувентус сака уште еден голем трансфер меѓутоа секако треба да се размислува и од финансиска страна.

Ситуацијата во Челзи никој не знае како ќе се развива, а не е исклучена можноста фудбалерите да покажат незадоволство поради се што се случува па да побараат заминување. Во таков случај Челзи веројатно не би можел да добие 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…