После разочарувачката сезона управата на Јувентус размислува за формирање на тимот за наредната сезона.
Јувентус после цели девет години остана без титулата во Серија А. Освојувањето на купот и Суперкупот, како и пласманот во Лигата на шампионите не беа доволни за Пирло да остане на клупата. На местото прв тренер, Јувентус го врати Масимилијано Алгери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот „Тутоспорт“ утрово на својата насловна страница пренесува вест дека Јувентус размислува за ангажман на еден од Душан Влаховиќ и Мауро Икарди.
Во летниот преоден рок Јувентус ќе биде во потрага по напаѓач што е една од позициите која навивачите, но и Алегри очекуваат да биде дополнително засилена.
Икарди во овој момент се наведува како најблиску, но и Влаховиќ има солидни шанси додека како резервна опција се споменува Аркадиуш Милик.