„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус ќе прави голема реконструкција по завршувањето на сезоната.
Пирло сигурно заминува, а се поизвесно е дека нов тренер на „старата дама“ следната сезона ќе биде Макс Алегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголеми промени ќе претрпи средниот ред и ведникот тврди дека „старата дама“ ги ставила на продажба Арон Рамзи и Адриен Рабио.
Двајцата пристигнаа како слободни агенти, па Јувентус ќе има чиста заработка од нивните трансфери, а клубот очекува да инкасира повеќе од 50 милиони евра.
„Бјанконерите“ веќе нашле замени и започнале преговори со Мануел Локатели од Сасуоло и Хусем Оуар од Лион.
Локатели веќе подолго време е мета на Јувентус и се очекува неговиот трансфер набрзо да биде официјализиран.
Што се однесува до Оуар, Лион веќе му постави цена и е спремен да го пушти за 40 милиони евра.