Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.
26-годишниот играч за врска влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Баварците се спремни да го продадат, а Јувентус веќе стапил во контакт со Баерн и со агентот на фудбалерот.
Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн за неговата слобода ќе бара 25 милиони евра.
Французинот се согласил за преселба во Јувентус, па останува уште двата клуба да ги договорат последните детали.