Дома Фудбал Англија Јувентус повторно му постави рампа на Венгер иако „Топчиите“ го отворија паричникот и понудија 40 милиони?!

Јувентус повторно му постави рампа на Венгер иако „Топчиите“ го отворија паричникот и понудија 40 милиони?!

Се шпекулираше дека Арсенал е заинтересиран за Даниел Руфгани, но Венгер се насочи кон стоперот на Јувентус за кој доби црвена линија.

Телевизијата Скај Спорт јавува дека менаџерот на Арсенал му понудил на Јувентус 40 милиони евра за Меди Бенатија и глатко е одбиен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Венгер оваа сезона е со тројца стопери во задната линија, со тоа што најстандрден беше Начо Монреал, кому тоа не му е примарна позиција.

Мустафи и Кошчелни се столбовите на одбраната, Мертезакер е на крајот на кариерата и Венгер сакаше да обезбеди уште еден квалитетен стопер.

Не е првпат Арсенал да го бара Бенатија, се обиде да го донесе и во мај 2016. година кога Мароканецот беше на трансфер листата на Баерн, но Јувентус тогаш беше побрз и го зеде Бенатија на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тихомир Костадинов најде нов клуб во Чешка

Тихомир Костадинов реши да сврти нов лист во кариерата во обид да дојде до поголема минута…