Алваро Мората е пред враќање во Јувентус, иако италијанскиот клуб не ја искористи опцијата за откуп после истекот на позајмицата од Атлетико Мадрид.




Шпанскиот напаѓач не е во плановите на Диего Симеоне, додека Алегри силно го посакува во својот тим.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Директорите на Јувентус имале средба со агентите на Мората и двете страни сакаат повторно да соработуваат.




Атлетико пак е спремен повторно да го пушти на позајмица, но овој пат со задолжителен откуп за помала сума од 30 милиони евра.




Минатата сезона Мората за Јувентус постигна 12 гола и запиша 9 асистенции, а и самиот има голема желба да остане во Торино.




Јувентус како алтернатива ги следи Вернер и Фирмињо, но најголема желба на Алегри е токму Мората.