Дома Фудбал Италија Јувентус оди во изолација, уште еден фудбалер позитивен на Ковид

Јувентус оди во изолација, уште еден фудбалер позитивен на Ковид

Уште еден фудбалер на Јувентус дал позитивен тест на коронавирус, а станува збор за Вестан Меккени, пренесоа италијанските медиуми.

Поради тоа раководството на Јувентус донесе одлука целиот тим да замине во самоизолациа во тренинг центарот уште вечерва.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Позитивен е и Кристиано Роналдо, кој не е со тимот и се наоѓа во Португалија, но ќе пристигне во Торино доцна вечерва и веднаш ќе биде ставен во карантин.

Од клубот потврдија дека веднаш ќе бидат направени нови тестови и сите кои ќе бидат негативни ќе продолжат со редовните тренинзи.

Во моментов во тренинг центарот на Јувентус има мал број фудбалери бидејќи повеќето се со своите репрезентации, но по нивното враќање веднаш ќе бидат тестирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…