Јувентус во текот на летото ќе бара нов напаѓач бидејќи во торинскиот клуб очигледно сметаат дека му помина времето на Гонзало Игуаин.
Тутоспорт пишува дека Бјанконерите сакаат да ангажираат напаѓач кој има слични карактеристики како Карим Бензема, со тоа што Кристијано Роналдо максимално ќе дојде до израз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор Фабио Паратичи како прва мета го избра Хари Кејн, пренесува торинскиот медиум, кој е секогаш добро информиран во врска со случувањата во Јувентус.
Трансферот на Кејн ќе биде вртоглаво скап. Англичанецот дефинитивно ќе биде најскапиот играч во историјата на Јувентус бидејќи се споменува цифра помеѓу 150 и 170 милиони евра.
Одличниот напаѓач летото 2018. година потпиша шестгодишен договор со Тотенхем вреден 17 милиони по сезона, меѓутоа елиминацијата од ЛШ и уште една сезона без трофеј се доволна причина Старата дама да тргне во напад.
Втор на листата приоритети е Мауро Икарди. Аргентинецот е долгогодишна желба на Бјанконерите, но се чини дека пореална е шансата тој да остане во ПСЖ отколку да се пресели во Торино.