Дома Фудбал Италија Јувентус не се откажува: И понатаму си ги бара одземените титули

Јувентус не се откажува: И понатаму си ги бара одземените титули

Торински Јувентус повторно ќе започне постапка за да му се вратат двете одземени титули.

Поради познатиот скандал „Калчополи“ Јувентус остана без шампионските титули во 2005 и 2006 година. Титулата од 2005 година остана без сопственик додека таа во 2006 му се додели на Интер.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Меѓутоа во клуботн е се откажуваат од овие титули.

„Во текот на годините превземавме се да го заштитиме клубот. Чекаме одговор на жалбата која неодамна ја поднесовме до надлежните органи и клубот ќе направи се за да ни се вратат тие титули“, соопштено е од Јувентус.

Во ноември минатата година жалбата на Јувентус беше одбиена, баш како и обидот од јули минатата година пред Државниот суд. Инаку „Старата дама“ и без овие две титули е убедливо најтрофеен италијански тим со 36 освоени Скудета, но Јувентус сака таа бројка да биде и поголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голманот на Челзи се забавуваше на хитот на Ханка Палдум 🎥

Чуварот на мрежата на лондонски Челзи, Ѓорѓе Петровиќ е снимен како се забавува на хит пес…