Јувентус е клуб кој често пати е во центарот на вниманието, без разлика дали за позитивни или негативни работи. Во овој момент клубот се соочува со голема финансиска истрага поради која си замина и целото раководство, но и во таква ситуација во Јувентус размислуваат и на засилувањата
Италијанскиот „Скај Спорт“ објави дека „старата дама“ ги следи случувањата со дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Смолинг со Рома истекува на крајот од сезоната, а од Рим пристигнуваат вести дека поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед е расположен за промена на средината.
Смолинг е во Рома од 2019 година кога пристигна прво на позајмици за потоа да биде откупен за 15 милиони евра, во претходните години стана еден од омилените играчи помеѓу навивачите.
Покрај Јувентус, Смолинг наводно го следи и Интер, па „волчицата“ и Мурињо можеби ќе имаат проблеми да го задржат.