Дома Фудбал Италија Јувентус му нуди нов договор на Бонучи

Јувентус му нуди нов договор на Бонучи

И покрај шпекулациите дека Леонардо Бонучи може да го напушти Јувентус, последните информации се дека „бјанконерите“ спремиле нов договор за капитенот.

35-годишниот дефанзивец не покажува добри партии од почетокот на сезоната, а во дербито против Торино беше оставен на клупата и влезе откако Бремер се повреди.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, во клубот сметаат дека неговото искуство и придонес во соблекувалната се многу важни, па ќе му понудат нов договор.

Според медиумите Бонучи наскоро ќе стави потпис со кој ќе остане во Јувентус до 2025 година. Тој исто така сака да остане во клубот, па нема да има проблем двете страни да се договорат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капитенот на Србија удри по Пикси: Да беше Пауновиќ тука, немаше да изгубиме од Албанија!

Филип Костиќ, капитенот на фудбалската репрезентација на Србија во натпреварот против Англ…