Дома Трансфер зона Јувентус категоричен: Нема пари за кои би го продале Дибала

Јувентус категоричен: Нема пари за кои би го продале Дибала

Името на Пауло Дибала и понатаму се поврзува со трансфер во Барселона, но Јувентус категорично ја отфрли можноста Аргентинецот да замине од Торино ова лето.

Имено, генералниот директор на „бјанконерите“, Бепе Марота уште еднаш потврди дека клубот нема намера да го продаде 23-годишниот напаѓач.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Паоло нема да биде продаден независно од тоа колкава сума ќе биде понудена. Веќе одбивме голем број понуди. Тој е среќен во клубот и додека е тоа така, ќе го носи дресот на Јувентус. Може да остане колку што сака“, изјави Марота.

Дибала изминатите две години во дресот на Јувентус се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а покрај Барселона неговото име се поврзува и со Реал Мадрид и неколку англиски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …