Дома Трансфер зона Јувентус и Барса започнаа преговори за два трансфери

Јувентус и Барса започнаа преговори за два трансфери

Јувентус и Барселона седнаа на преговарачка маса за два трансфери, пренесува „Мундо Депортиво“.

Весникот открива дека спортскиот директор на италијанскиот шампион Фабио Паратичи пристигнал денес во Барселона, за да преговара за трансфер на младиот Хуан Миранда.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Од друга страна пак каталонскиот клуб покажува сериозен интерес за дефанзивецот Даниеле Ругани.

Миранда има 19 години и игра на позицијата лев бек, меѓутоа се уште нема ниту еден настап за Барселона во Примера, иако дебитираше во Лигата на шампиони.

Ругани е на излезна врата од Јувентус после доаѓањето на Де Лихт и за него покрај Барселона, силен интерес покажува и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…