Дома Фудбал Лига на шампиони Јувентус иако отпишан си најде ново место во четвртфиналето, Сити по безбедниот резултат од првиот меч патува во следната фаза (ВИДЕО)

Јувентус иако отпишан си најде ново место во четвртфиналето, Сити по безбедниот резултат од првиот меч патува во следната фаза (ВИДЕО)

И кога сите го отпишаа Јувентус, италијанскиот состав направи одличен потег, задавајќи последен удар вреден четвртфинале во ЛШ.

Екипата на Јувентус славеше против Тотенхем преку пресврт со 1:2, откако имаше отворен резултат по првиот меч кој заврши со резултат 2:2. На „Вембли“ резултатот го отвори Сон, а потоа Игуаин и Дибала се запишаа во листата стрелци за ново четвртфинале на „Старата дама“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Манчестер Сити пак, иако загуби, лесно и рутински влезе во реваншот против Базел, со оглед на тоа дека од првиот меч понесе предност од 4:0. Гостите од Базел славеа вечерва на „Итхад“ со 1:2. Резултатот го отвори Жезус во 8. минута а Елиоуноуси израмни веќе во 17. минута. Победничкиот погодок беше дело на Ланг во 71. минута, иако веќе се беше залудно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, к…