Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус ја сака ѕвездата на Зенит, Сердар Азмун како замена за повредениот Федерико Киеза.




Киеза доживеа тешка повреда на коленото и за него сезоната е завршена, па Јувентус сака да донесе негова замена во јануари.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Јувентус го сака „иранскиот Меси“, кој игра одлично за Зенит, но неговиот договор со рускиот клуб завршува на крајот на сезоната.




„Скај Италија“ пренесува дека Јувентус веќе стапил во контакт со агентот на играчот, а Азмун веднаш ја прифатил понудата.
„Бјанконерите“ немаат голем буџет за трансфери, но можат да го доведат Азмун за прифатлива сума во јануари.