Дома Трансфер зона Јувентус договорил друга ѕвезда, а кога тој трансфер пропаднал го купил Роналдо!?

Јувентус договорил друга ѕвезда, а кога тој трансфер пропаднал го купил Роналдо!?

Требаше да биде еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок, но мсто тоа потпиша нов договор со актуелниот клуб.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ, човекот од над 100 милиони евра беше голема желба на Јувентус, Реал и Пари Сен Жермен, откако Србинот одигра одлична сезона во римскиот клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Но, „Калчомеркато“ откри дека СМС бил на чекор од потпис со Јувентус и тоа уште на почетокот на летото. Според овој извор Лотито се согласил на сума од 80 милиони евра, колку што изнесуваше првата понуда од „старата дама“. Играчот исто така се согласил на трансферот.

Сепак, кога договорот веќе бил постигнат, Лацио побарал дополнителни милиони преку клазулата, а Јувентус го одбил таквото барање на римскиот клуб.

На крајот „Калчомеркато“ потенцира дека откако пропаднал трансферот на Савиќ Јувентус тргнал по потписот на Роналдо кој пристигна во клубот за 115 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…