Јувентус е спремен да му предложи на Атлетико Мадрид интересна трампа, пренесуваат медиумите на Апенините.
„Старата дама“ сака да им го предложи на „јорганџиите“ Даглас Коста, а за возврат да го добијат потписот на Стефан Савиќ, пренесува „Калчомеркато“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даглас Коста не влегува повеќе во плановите на тренерот Сари и „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од Бразилецот. Во последните денови се пишиуваше дека Јувентус го предложил Бразилецот на Манчестер Јунајтед како дел од трансферот на Погба, но „црвените ѓаволи“ ја одбиле таа понуда.
Меѓутоа, интерес за Даглас Коста покажува Атлетико Мадрид, па Јувентус сака да ја искористи таа ситуација и да донесе некој играч од шпанскиот клуб.
Како најверојатна опција се споменува дефанзивецот Стефан Савиќ, кој е на излезна врата од Атлетико Мадрид и сака да се врати во Серија А.