Јувентус е спремен да му предложи на Атлетико Мадрид интересна трампа, пренесуваат медиумите на Апенините.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Старата дама“ сака да им го предложи на „јорганџиите“ Бернардески, а за возврат да го добијат потписот на Стефан Савиќ, пренесува „Калчомеркато“.
Бернардески не влегува повеќе во плановите на тренерот Пирло и „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од него. Интерес за италијанскиот репрезентативец покажува Симеоне, па Јувентус сака да ја искористи таа ситуација.
Савиќ има големо искуство во Серија А и Пирло верува дека ќе биде идеален наследник на Киелини.