Стефан Савиќ го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2024 година.
Мадритскиот клуб денес официјално објави дека Савиќ потпишал договор до јуни 2024 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Атлетико Савиќ пристигна во 2015 година од Фиорентина за 10 милиони евра и брзо стана незаменлив во стартниот состав. За Атлетико веќе запиша 202 натпревари, а со заминувањето на Диего Годин стана столб на одбраната.
Савиќ кариерата ја почна во БСК Борча, после една сезона во Партизан премина во Манчестер Сити. Подоцна играше за Фиорентина три сезони и од таму пристигна во Мадрид.
Stefan Savic signs contract extension until 2024 🤩 pic.twitter.com/PGZq7l5TjL
— Atlético de Madrid (@atletienglish) August 11, 2021