Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед и официјално го потврди интересот на „старата дама“ за напаѓачот на Сампдорија Патрик Шик.
Младиот чешки репрезентативец игра одлична сезона во Серија А и го привлече вниманието на многу големи клубови, а во договорот со Сампдорија има откупна клаузула од 25 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Можам да потврдам дека се интересираме за Шик и ќе продолжиме да се интересираме. Се зависи од тоа што ќе го одлучат играчот и неговиот агент. Шик е одличен напаѓач кој знае многу добро да се позиционира на теренот притоа може да игра на неколку позиции“, истакна Недвед.
„Патик има исклучителна техника, брз е и физички силен. Има се што е потребно за да стане врен напаѓач, иднината е пред него“, додаде Недвед.
Шик има 21 години и оваа сезона постигна 11 гола во Серија А, а покрај Јувентус силен интерес за него покажува и милански Интер.