Раководството на Јувентус започна преговори со играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели, пренесува „Тутоспорт“.
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.
За него интерес покажуваат неколку италијански клубови, но Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.
„Старата дама“ спрема голема реконструкција и подмладување на средниот ред, па смета дека 22-годишниот Локатели би бил идеално засилување.
#Locatelli è lui il rinforzo indicato da #Sarri per il centrocampo ?
— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) July 22, 2020
Tutti i dettagli dell'operazione nell'articolo ?#SportMediaset https://t.co/YgBhLTbKC6. pic.twitter.com/5H8BM34ANR