Тренерот на Јувентус, Макс Алегри нема да смета на Моис Кин во новата сезона, пренесуваат италијанските медиуми.
Италијанскиот напаѓач поради недисциплина е исфрлен од тимот и „бјанконерите“ сакаат да го продадат до крајот на преодниот рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Желба на Масимилијано Алегри е во клубот да го врати Алваро Мората, со кого имаше одлична соработка во минатото.
Меѓутоа, за да дојде Мората најпрво треба да се ослоби од Моис Кин, кој не е повеќе во неговите планови.
Влаховиќ и покрај многуте понуди сепак ќе остане во Јувентус, па Јувентус бара купец за Кин.