Дома Фудбал Гвардиола проговори за Семењо: Ќе се случи она што ќе се случи

Гвардиола проговори за Семењо: Ќе се случи она што ќе се случи

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, даде изјава пред гостувањето на неговиот тим кај Сандерленд, екипа која од почетокот на сезоната е вистинска сензација во Премиер лигата. Притоа Гвардиола се осврна и на некои аспекти од трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот истакна дека постои можност Родри да добие шанса за неколку минути игра против „Црните мачки“. Сепак, одби да го коментира потенцијалниот трансфер на Антоан Семењо, за кого медиумите во Англија известуваат дека веќе на првиот ден од 2026 година би можел да стане член на „Граѓаните“.

– Родри се врати и можеби ќе одигра некоја минута. Можеби и Доку. Џон Стоунс и Оскар Боб се уште не се подготвени – изјави Гвардиола.

Запрашан за доаѓање на Антоан Семењо и можното заминување на Оскар Боб, за кој Борусија Дортмунд покажува интерес, Пеп остана краток.

– Ќе се случи она што ќе се случи. Нема новости. Во моментов, трансфер периодот е целосно затворен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА нема намера да застане: Светското првенство со дури 64 репрезентации се поблиску до реализација

ФИФА започна забрзана анализа на можноста за проширување на Светското првенство во 2030 го…