Дома Останати Кошарка Пркоси на границите на физиката, но и на медицината: Јокиќ ги изненади сите во Торонто (Видео)

Пркоси на границите на физиката, но и на медицината: Јокиќ ги изненади сите во Торонто (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ беше присутен на ноќешната победа на Денвер Нагетс против екипата на Торонто Репторс во првиот натпревар во кој не можеше да игра поради повреда на коленото, но неговата појава изгледаше охрабрувачки за сите што мислеа дека проблемот е од посериозна природа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имајќи предвид дека коленото е проблем, многумина очекуваа Јокиќ да влезе во салата со помош на штаки или други видови помошни средства, но српската кошаркарска ѕвезда без видливи потешкотии одеше самостојно.

Тоа е првиот сигнал дека оштетувањето на коленото не е проблематично до степен каков што изгледаше на прва, така што процесот на закрепнување би можел да биде побрз од планираното.

Да потсетиме, во вторник попладне беше објавено Јокиќ би требало цел јануари да биде надвор од теренот, но имајќи го предвид колку е напредната медицината и дека станува збор за најдобриот играч на Нагетс, не би било чудно ако се врати и порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…