Дома Фудбал Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Голманот на фудбалерите на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, го одложи своето венчавање за да биде целосно подготвен ова лето да игра за репрезентацијата на Италија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, изјави денеска неговиот агент Енцо Рајола.

Италија не настапуваше на последните две Светски првенства во Русија и Катар, а сè уште не се квалификувала ни за следниот Мундијал, туку ќе игра во баражот во март, против Северна Ирска, а потоа против Велс или Босна и Херцеговина.

 – Посакуваше да се ожени на лето, но сето тоа го одложи бидејќи прво се обврските со Италија. Многу му е важно Светското првенство, побара да остане концентриран и да се фокусира само на својот клуб и Италија, бидејќи со сето срце сака да се најде на тоа натпреварување – рече Рајола за радио Спортива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антонио Вергара го прави деби за Италија против Франција

Антонио Вергара од Наполи го направи своето деби за Италија во реми од 1-1 против Франција…