Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе го договорил првото засилување за наредната сезона.
Станува збор за ѕвездата на Лацио, Кеита Балде кој со добрите партии во римскиот клуб го привлече вниманието на многу европски клубови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Каита одби да го продолжи договорот со Лацио кој му истекува наредната година, па италијанскиот клуб ќе мора да го продаде ова лето за да заработи на неговото заминување.
Силен интерес за 22-годишниот крилен напаѓач покажуваа Милан и Наполи, но последните информации говорат дека Јувентус ја победил конкуренцијата и се договорил со играчот.
Сега останува уште двата клуба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето, а медиумите тврдат дека трансферот ќе изнесува 20 милиони евра.