Дома Фудбал Италија Јувентус во мечот на сезоната без Дибала

Јувентус во мечот на сезоната без Дибала

Еминентниот весник „Газета дело Спорт“ пренесува дека тренерот на Јувентус, Макс Алегри донел многу важна одлука пред најважниот меч на сезоната.

Имено, „Газета“ тврди дека Алегри решил да го остави Дибала на клупа за реванш дуелот со Атлетико Мадрид утре во Торино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според обложувалницата на Bet365, тимот на Јувентус е фаворит во овој дуел. Нивната победа во таа обложувалница се цени со квота 1.75, а за реми коефициентот изнесува 3.70. Атлетико Мадрид во овој дуел е аутсајдер и доколку победат, вашиот влог помножете го со коефициент 5.50.

Десетката на „старата дама“ местото најверојатно ќе му го препушти на Бернардески, иако Аргентинецот играше само дваесетина минути против Удинезе и нема проблем со уморот.

Дибала оваа сезона игра под сите очекувања, постигна само 10 гола, од кои 4 против Јанг Бојс во групната фаза од ЛШ, а на првиот меч со Атлетико беше еден од најслабите поединци на теренот.

Дибала не играше во стартниот тим ни во дербито со Наполи, каде исто така влезе во игра во 85-та минута на местото од Бернардески.

Ова е секако дискутабилна одлука на Алегри, кој смета дека доколку го елиминира Атлетико неговиот тим може да стигне до финалето од Лигата на шампиони.

„Во вторник не очекува исклучително важен натпревар во Лигата на шампионите. Пред нас е многу тежок натпревар, но ако победиме убеден сум дека можеме да стигнеме до финалето“.

„Никогаш не можете да знаете што ќе се случи во фудбалот, едноставно се е можно се уверивме во тоа и кога се играа натпреварите минатата недела. Би сакал да одиграме добар натпревар и да видиме што можеме да направиме. Атлетико е навистина добар противник“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…