Како што стојат работите во овој момент во финишот од преодниот рок би можеле да гледаме голема „трка“ помеѓу Јувентус и Арсенал.
Познато е дека фудбалерот на Спортинг, Вилијам Карваљо, е голема желба на Арсен Венгер, но од Италија пристигнуваат информации дека Јувентус е спремен да ја плати откупната клазула за овој фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карваљо веќе неколку преодни рокови е желба на поголем број европски клубови, но тој и понатаму е во редовите на Спортинг.
„Старата дама“ е во потрага за играч за врска, до сега се споменуваа Немања Матиќ, Емре Џан и Матуди, но со ниту еден од нив не успеаа да постигнат договор.
Матиќ и Џан се прескапи, па Јуве одлучи вниманието да го сврти кон младиот Карваљо, кој има 25 години, додека Матуди веќе наполни 30 години.