Дома Фудбал Италија Јувентус без Роналдо против Беневенто

Јувентус без Роналдо против Беневенто

Беневенто и Јувентус ќе играат утре од 18:00 часот во рамките од 9. коло во италијанската Серија А.

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло донесе одлука да го одмори Кристиано Роналдо, па Португалецот нема да патува на овој дуел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Добра вест за Пирло е што се враќа Леонардо Бонучи додека одмор може да добие и Бразилецот Данило. Џорџо Киелини и Марих Демирал се уште не се во комбинација за настап.

Место Роналдо во нападот прилика би требало да добие Паоло Дибала или Дејан Кулушевски. Некој од нив двајца ќе биде во тандем со Алваро Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ужас на влезот на Мостар: Маскирани навивачи извршија брутален напад и го запалија автомобилот (Видео)

Во вторникот наутро се случи тежок инцидент на магистралниот пат М-17, на влезот во Мостар…