Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски откако ја освои титулата со Динамо Загреб каде што е трета година стигна и до свој јубилеј.
Вчерашниот натпревар против Осијек за Ристовски беше посебен затоа што беше негов 100-ти во дресот на „Модрите“. Зад себе Ристовски има одлична пролет во која постигна четири гола и забележа две асистенции, а неодамна и го продолжи договорот до 2025 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истакна македонскиот репрезентативец и дека Динамо Загреб е прв клуб во кој стигнува до бројката од 100 настапи.
„Кога би ја погледнале статистиката во цела кариера сум немал пролет како сезонава, но мене секогаш најважен ми е колективот и тоа постојано го истакнувам. Горд сум на целиот тим и на мојот 100-ти натпревари. Динамо е прв клуб за кој сум одиграл толку натпревари, посакувам да стигнам и до двојно поголема бројка“, изјави Ристовски.
Во кариерата Ристовски настапуваше уште за Парма, Фросиноне, Бари, Латина, Ријека и Спортинг Лисабон.
Maksimirski branič Stefan Ristovski ove je nedjelje ušao u „plavi klub 💯“.
— GNK Dinamo (@gnkdinamo) May 7, 2023
U okršaju protiv Osijeka u Gradskom vrtu odigrao je svoju „okruglu“, 100. službenu utakmicu u Dinamovu dresu 🦁
Čestitamo Rile! 👏🏻💙🎉#dinamozagreb pic.twitter.com/TNtfncuVjP