
Фудбалерот на Монако и репрезентативецот на Колумбија, Радамел Фалкао игра како препороден оваа сезона.
Фалкао имаше лош период од кариерата кога беше член на Челзи и Манчестер Јунајтед. Во Премиер лигата не се снајде, па минатото лето одлучи да премине во Лига 1.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Тој трансфер и тоа како му се исплатеше, бидејќи оваа сезона постигна 21 погодок на 29 натпревари во француското првенство, а освен тоа стигна и до шампионската титула во Франција, како и до полуфиналето од Лигата на шампионите.
Сето тоа придонесе за голем број шпекулации кои го поврзуваа со заминување од Кнежеството, а како ново-стара дестинација се споменува Атлетико Мадрид. Мадриѓаните се во потрага по напаѓач ова лето бидејќи најверојатно ќе останат без Антоан Гризман, а освен Фалкао на листата на желби се наоѓа и Александар Лаказет.
Да потсетиме, Фалкао настапуваше за Атлетико во периодот од 2011 до 2013 година кога премина во Монако за 43 милиони евра.