Дома Фудбал „Јорганџиите“ и без Гризман обезбедија нови три бода

„Јорганџиите“ и без Гризман обезбедија нови три бода

Фудбалерите на мадридски Атлетико, запишаа триумф на гостувањето на Андалузија.

Непријатниот Бетис во 15. коло ги пречека „Јорганџиите“, а четата на Чоло Симеоне славеше со минимални 1:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Погодокот на одлука беше постигнат во 29. минута, а стелец на истиот беше Саул Нјигез.

Врсаљко уфрли фантастична топка од десната страна, таа го мина петтерецот на Бетис, стигна до Саул, кој погоди за 1:0.

Атлетико ниту овојпат не блескаше, Бетис беше далеку подобар од својот ривал. Имаа фудбалерите од Севиља дури 75% посед на топката и двојно повеќе удари од ривалот, но Облак, за разлика од Адан остана несоборен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конате даде гол за Ливерпул, па почна да плаче како мало дете (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Њукасл со 4-1, а големо внимание привлече Ибрахима Конате …