Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со 34 поени и дабл-дабл испадна и трагичар за Денвер, одлична вечер за Дончиќ и Марјановиќ 🎥

Јокиќ со 34 поени и дабл-дабл испадна и трагичар за Денвер, одлична вечер за Дончиќ и Марјановиќ 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

Тимот на Денвер запиша пораз од Мемфис со 108:106. Како и вообичаено најдобар во редовите на Денвер беше Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар на паркетот помина 35 минути и за тој период постигна 34 поени, а додаде уште 11 скока и пет асистенции. Перфектен беше и од линијата за слободни фрлања (10/10).


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа и покрај ваквиот учинок на крај ја имаше и улогата на „трагичар“. Доби прилика за шут со кој ако поентираше ќе избореше продолжение, сепак на девет секунди до крајот промаши. Кај Мемфис најрасположен беше Џексон со 22 поени.

Со овој пораз може да се каже дека Денвер влегува во една мала криза затоа што во последните четири меча забележаа три порази.

Далас дојде до победа против Сан Антонио Спарс и тоа со само еден разлика 108:109. И овој пат не беше Дончиќ најефикасниот, Брунсон постигна 31 поени, додаде 10 скока и три асистенции. Сепак и Словенецот одигра одличен меч запишувајќи и тој дабл-дабл со 23 поени, 12 скока и 7 асистенции. Србинот Бобан Марјановиќ помогна во победата со 17 поени и 5 скока. Кај поразените најефикасен беше Мареј со 23 поени, 9 скока и 8 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Порталнд 107-104, Индијана – Њујорк 111-98, Орландо – Бостон 79-92, Филаделфија – Чикаго 103-98, Вашингтон – Торонто 100-109, Бруклин – Атланта 117-108, Мемфис – Денвер 108-106, Минесота – ЛА Клиперс 115-126, Сан Антонио – Далас 108-109, Голден Стејт – Шарлот 114-92, Сакраменто – Њу Олреанс 122-99.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …