Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ и Дончиќ блескаа во балканската пресметка во НБА – малку им фалеше за трипл-дабл!

Јокиќ и Дончиќ блескаа во балканската пресметка во НБА – малку им фалеше за трипл-дабл!

Tимот на Денвер се врати на победничките патеки откако во дербито на вечерта славеше победа над Далас со 125:114.

За Далас ова беше прв овосезонски пораз. Повторно на паркетот блескаше Никола Јокиќ кој сега беше на чекор од трипл-дабл. Јокиќ натпреварот го заврши со 33 поени, 14 скока и девет асистенции. Зад него беа Мајкл Портер Јуниор со 24 поени и Џамал Мареј со дабл-дабл од 18 поени и 13 скока.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Лука Дончиќ на спротивната страна исто така беше блиску до трипл-дабл со 34 поени, 10 скока и осум асистенции. Кајри Ирвинг уфрли 22 поени.

Најефикасниот натпревар во вечерта го одиграа Голден Стејт и Оклахома кој заврши со победа со победа Вориорси од 139:141.

Стеф Кари беше расположен за игра со 30 поени, осум скока и седум асистенции, додека Дорт во редовите на Оклахома постигна 29 поени.

На останатите средби, Индијана го совлада Кливленд, Милвоки беше подобар од Њујорк, додека Мајами славеше над Вашингтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…