Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ го потврди „ол-стар“ рејтингот, Денвер запиша трет пораз во низа (ВИДЕО)

Јокиќ го потврди „ол-стар“ рејтингот, Денвер запиша трет пораз во низа (ВИДЕО)

Вчера во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Српскиот центар Никола Јокиќ го потврди „ол-стар“ рејтингот и против Филаделфија со нов трипл-дабл со учинок од 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции, додека Наџентси го запишаа третиот пораз во низа.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Џеј Џеј Редик беше одличен кај Филаделфија со 34 поени со шут за три поени 6/7 и дефинитивно го засени дебито на петте нови кошаркари: Бобан Марјановиќ, Тобијас Херис, Мајкл Скот, Талјер Енис и Џонатан Симонс.

Херис ги задоволи навивачите и во првиот натпревар постигна 14 поени, додека покрај Редик одличен беше Џими Батлер со 22 поени, па нешто послабиот учинок на Џоел Ембид не се почуствува. Камерунецот до последниот момент беше под знак прашалник за овој натпревар поради стомачни проблеми, но на крајот издржа и стигна до дабл-дабл – 15 поени, 12 скокови.

За Филаделфија ова беше 35-та победа, па сега со 20 порази е во егал со Бостон на четвртата позиција во источната конференција.

Деневер забележа благ пад, па Голден Стејт кој славеше против Феникс полека се „одлепува“ на врвот.

https://youtu.be/vkb4n_HK6-g

Далас на Лука Дончиќ забележа пораз на домашен терен од Милвоки со резултат 107:122.

Дончиќ беше најрасположен во редовите на Далас и натпреварот го заврши со учинок од 20 поени, две асистенции и три скока. Во победничкиот, а воедно и на натпреварот најефкасен беше Антетокумпо со 29 поени, пет асистенции и дури 17 скокови.

НБА резултати:

Детроит – Њујорк 120:103

Филаделфија – Денвер 117:110

Вашингтон – Кливленд 119:106

Бруклин – Чикаго 106:125

Далас – Милвоки 107:122

Феникс – Голден Стејт 107:117

Њу Орлеанс – Минесота 122:117

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Судот ја намали казната на Погба, во јануари се враќа во тимот на Јувентус

Суспензијата на Пол Погба е значително намалена, од четири години на само 18 месеции Франц…