Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени од Лос Анџелес Лејкерс во „Крипто Арената“ со резултат 119:108 во четвртиот натпревар од плејоф серијата.
Никој никогаш не се вратил од 3-0 во плеј-офот, но во Лејкерс веруваат дека тие можат да бидат првите. Сепак, ако се погледне целокупниот квалитет, тешко е да се поверува дека е можно чудо кога серијата ќе се врати во Колорадо.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Лејкерс беа во водство од првиот до последниот момент, само на почетокот Нагетс успеаа да израмнат, но не и да поведат. Најрасположен беше Леброн Џејмс, кој имаше 30 поени, но Ентони Дејвис одигра неверојатен натпревар со 25 поени, 23 скока и шест асистенции!
Нагетс уште еднаш ги предводеше Никола Јокиќ, кој имаше неколку потези кои го одземаат здивот. Натпреварот го заврши со 33 поени, 14 скока и 14 асистенции. Како видео игра.
IS THE JOKER JOKING WITH THIS PASS??? 🤯👏 https://t.co/i5xhDkUVLy pic.twitter.com/oeLQtlsCgW
— NBA (@NBA) April 28, 2024