Металург  ги дозна своите противници во групната фаза на Лигата на шампионите, каде ќе се соочи со екипите на Бјерингбро (Данска), Спортинг (Португалија), Бешикташ (Турција), Чеховски Медведи (Русија) и Татран Прешов (Словачка).

Својот коментар го даде Александар Јовиќ, тренерот на клубот од Автокоманда :


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се работи за тешка група во која повеќе екипи ќе атакуваат на првите две позиции, кои водат во следната плејоф-фаза. Како фаворити ги гледам екипите на Бјерингбро и на Спортинг Лисабон, но не помалку тешки ќе бидат и дуелите со преостанатите три екипи. Металург во оваа конкуренција ќе настапи со убедливо најмлад тим и секој освоен бод ќе биде и успех и задоволство. Се уште ја немаме комплетирано екипата, па, меѓу другото, и од тоа ќе зависи со какви амбиции ќе ја стартуваме групната фаза“, вели Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Премиерлигаш со ултиматум до хрватски клуб: Бара да го променат логото!

Англискиот премиерлигаш Брајтон & Хоув Албион испрати писмо до хрватскиот нисколигаш …