Лука Јовиќ ова лето пристигна во Реал Мадрид за 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт, но се погласи се шпекулациите дека може да биде испратен на позајмица.
Јовиќ нема да добива голема минутажа на „Сантиаго Бернабеу“, па поради тоа медиумите шпекулираат дека би можел да биде испратен на позајмица, а како најсериозни кандидати се споменуваат Интер и Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, српскиот репрезентативец се огласи и категорично ги демантираше таквите тврдења на медиумите.
„Смешни ми се насловите на медиумите дека ќе заминам на позајмица. Јас од почетокот на кариерата се навикнав на секакви коментари, па се помирив со тоа. Смирен сум и знам дека ќе останам во Мадрид, а времето ќе покаже дали сите тие пишувања биле вистинити или обични измислици“, изјави Јовиќ.