Дома Фудбал Јовиќ призна: Јавноста беше сурова, не ми беше пријатно да читам што се пишува за мене

Јовиќ призна: Јавноста беше сурова, не ми беше пријатно да читам што се пишува за мене

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ конечно успеа да се запише во листата на стрелци како играч на Реал Мадрид.

Јовиќ минатото лето од Ајнтрахт Франкфурт минатото лето за сума од 60 милиони евра пристигна во Реал, но се најде на удар на јавноста затоа што скоро три месеци не постигнал гол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се пишуваше дека е најлошиот напаѓач на „кралевите“ уште од Мајкл Овен, а Јовиќ сега призна дека не му било пријатно да чита што се се пишува за него.

„Почуствував големо олеснување после голот, ми беше симнат голем терет. Ова беше тежок период за мене и за мојата кариера. Иако никогаш не се сомневав во својот квалитет, како што не се сомневаа и луѓето кои ми се блиски, соиграчите ,тренерот…Јавноста беше сурова и не ми беше пријатно да читам што се пишува за мене. Се надевам дека во иднина ќе почнат да веруваат во мене. Секогаш тренерот му зборуваше дека ја имам неговата доверба и дека голот ќе додјде самиот. И еве дојде на задоволство на сите“, изјави Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…