Металург в сабота против Мотор Запорожје ќе се обиде да стави крај на серијата од пет порази во сите натпреварувања.
Металург на последните пет натпревари во Лигата на шампионите има само една победа, Украинскиот шампион е претпоследниот противник на „металурзите“ оваа сезона во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Натпреварот со Мотор на гости мислам дека беше нашиот најдобар оваа сезона. В сабота Мотор ја има фаворитската улога. Тоа е искусен и квалитетен тим. Нашата шанса да ги изненадиме ја гледам во нашата одбрана каде што на последните натпревари не играме добро. Ако играме добро во одбраната, тогаш и нашите голмани ќе имаат повеќе одбрани, тоа е еден од условите за добар резултат“, рече тренерот на Металург, Александар Јовиќ, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот.
Јовиќ повеќе од еден месец го предводи тимот бидејќи првиот тренер, Лино Червар, не е со екипата поради ангажманот што го има во хрватската репрезентација.