Еурофарм Пелистер 2 успеа да освои 32 бода со кои е на четвртото место на крајот на есенскиот дел од сезоната.
Тимот предводен од Александар Јовиќ е есенски хит и никој против нив не може предвреме да планира бодови. По триумфот над Прилеп Јовиќ ја анализираше полусезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Овој прв дел од шампионатот можам да го окарактеризирам како позитивен. Имавме одлични натпревари и на домашен и на гостински терен. Самата победа против двократниот европски шампион говори сама за себе. Имаме огромен потенцијал во оваа екипа, треба да продолжиме да работиме, да се подготвиме добро, да направиме добри припреми и да влеземе максимално спремни во доигрувањето на првенството. Целта е да обезбеди плеј-оф. Мислам дека со овие досегашни натпревари тоа го заслуживме.
Имаме добар спој на млади иискусни играчи. Ме радува што имаме добра атмосфера. Немаме поделба во екипата и сите дишеме заедно. Со макотрпна работа лимитот на оваа екипа не може да се процени. Имаме голем потенцијал, ни треба време, многу работа и најважното многу трпение“, изјави Јовиќ.
Фото+Видео: Еурофарм Пелистер