Веќе една деценија Јержи Дудек е во фудбалска пензија, а во неговата објавена автобиографија зборуваше за тензиите помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
Четири години Дудек беше дел од „кралевите“ (2007-2011), ретко добиваше прилика да брани, но барем одблиски ги следеше пресметките на големите ривали.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во неговата автобиографија Дудек го критикуваше Лео Меси, тој напиша дека Аргентинецот бил голем провокатор.
„Меси беше навистина злобен. Не можете ниту да замислите што им зборуваше на Пепе и Рамос“.
„Роналдо беше егоцентричен, неверојатен фудбалер и роден победник. Раул знаеше да биде арогантен, но се на се тој е нормален дечко“, пишува Дудек.