Aстон Вила вчера на „Вембли“ го победи Дерби со 2:1 и обезбеди влез во Премиер лигата.
Славниот англиски клуб се врати во најсилната англиска конкуренција после три години борба во Чемпионшип. Освен што ќе има повторно да игра со најсилните англиски тимови, Астон Вила од ТВ правата си обезбеди најмалку 10 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај навивачите успехот на клубот имаше добра причина да го слави и поранешниот сопственик на овој клуб Ренди Лернер.
Former Aston Villa owner Randy Lerner nets £30MILLION windfall after their pr… #AVFC https://t.co/CbKc9C1gzP pic.twitter.com/PYrMKpIT2j
— AVFC Report (@AVFC_Fanly) May 27, 2019
Лернер во 2016 година за 76.2 милиони фунти после испаѓањето на овој клуб во Чемпионшип го продаде клубот на кинескиот бизнисмен Тони Хи.
Меѓутоа Лернер во договорот за продажба вградил клазула според која ќе добие 30 милиони евра доколку Астон Вила во следните три сезони се врати во Премиер лигата.
Натпреварот против Дерби беше негова последна надеж дека тој бонус ќе биде активиран.