Карим Бензема неодамна ја освои „Златната топка“, а сега доби убави вести од неговата нова девојка, која му соопшти дека е бремена.
Французинот е во љубовна рска со 32-годишната Јордан Озуна со која се гледа веќе неколку месеци, а за првпат заедно се појавија на доделувањето на „Златната топка“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тие двајца долго време не ја откриваа љубовната врска во јавност, но сега повеќе нема дилеми и шпанските медиуми објавија дека девојката на Бензема е бремена.
Тоа би било прво дете за Озуна, додека за Бензема ќе биде трето затоа што веќе има две деца од претходната љубовна врска.
Бензема веќе 14 години игра за „кралевите“ и притоа настапи на 616 натпревари, а постигна 329 голови.