Дома Фудбал Лига на шампиони Ја гледавме најефикасната групна фаза во историјата на ЛШ!

Ја гледавме најефикасната групна фаза во историјата на ЛШ!

Oткако заврши групната во Лигата на шампионите се собираат впечатоците од првиот дел од најелитното европско натпреварување.

Ако нешто не недостасуваше сезонава во групите, тоа беа головите – ги имаше најмногу во историјата во оваа фаза.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Клубовите кои играа во групната фаза постигнаа вкупно 308 голови и тоа е нов рекорд. Претходно рекордот беше од сезоната 2017/2018 кога во оваа фаза видовме 306 гола.

Најголем придонес за рекордот даде Баерн Минхен кој беше најефикасен и во шестте победи постигна 24 голови. Баерн го има и најдобриот стрелец во досегашниот дел од натпреварување, Роберт Левандовски постигна 10 гола. Интересно е што Баерн за првпат во својата историја има максимален број на победи во груоната фаза.

Најмногу голови се постигнуваа од 76. до 90. минута (62).

Треба да се истакне и дека за прв пат се случува сите екипи кои поминале во топ 16 да доаѓаат само од најсилните пет првенства во Европа. (Германија, Франција, Италија, Англија, Шпанија).

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Продолжува агонијата на Пакета – одложено е сослушувањето!

Предолго трае аферата околу фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, а сега е јасно дека тој …