Македонскиот напаѓач од редовите на Коњаспор Адис Јаховиќ направи несфатлив потег во натпреварот против Фенербахче во кој заработи исклучување.
Јаховиќ денес имаше имаше еден неспортски дуел со Садик Цифтпинар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако играчот на Фенер падна на тревникот Јаховиќ го нагази, а судијата кој го забележа тој потег немаше дилеми и го испрати Јаховиќ порано во соблекувалната.
Интересно што Коњаспор набрзо после исклучувањето на Јаховиќ постигна погодок за водство, но Фенер брзо се врати во натпреварот.
Adis Jahovic bu pozisyonda kırmızı kart gördü
Tüm Goller için • @KramponSport pic.twitter.com/pKnwtXv0tD
— Krampon Media (@KramponUefaTV) February 16, 2019
Јаховиќ во изминатиот преоден рок на големо се поврзуваше со заминување од Коњаспор, но сепак остана во редовите на овој клуб.
Aдис Јаховиќ од самиот почеток на јануарскиот преоден рок, па се до неговото завршување се поврзуваше со разни клубови.
Прво Јаховиќ се поврзуваше со Бешикташ, потоа се појавија и информации дека катарски клуб е заинтересиран за неговите услуги, а сега се тврди дека во завршницата од преодниот Галатасарај ќе се обиде да го доведе!
Медиумите пишуваа дека бил голема желба на Фатих Терим, но на крајот сепак тој и во вториот дел остана член на Коеаспор.
Ќе потсетиме од овој преоден рок на Јаховиќ во турскиот клуб му се придружи и Леонард Жута кој во Коњаспор пристигна од редовите на хрватска Ријека.
Во досегашниот дел од сезоната Јаховиќ одигра 18 натпревари и постигна шест погодоци.